Карагер му даде совет на Артета како да ја освои титулата со Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер кажа дека на Арсенал му е потребен поголем квалитет за да ја освојат титулата во Премиерлигата.

Арсенал оваа сезона беше на добар пат да го освои пехарот, но во финишот од сезоната почнаа лошите резултати и тоа го искористи Манчестер сити.

„Арсенал игра слично како Манчестер сити, има квалитетни фудбалери, но за титулата потребен им е поголем квалитет. Арсенал имаше 50 бодови на средината на сезоната и тоа изгледаше неверојатно. Но кога се натпреварувате со тим како Сити, вие мора да имате над 90 поени во сезона. Мора да купат повеќе квалитетни фудбалери ова лето“, кажа Карагер.