Карагер по „експлозијата“ на Конте: Очигледно сака да добие отказ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер смета дека Антонио Конте сака да си замине од Тотенхем по неговата прес-конференција по мечот со Саутемптон (3-3).

Конте ги нападна фудбалерите на Тотенхем по ремито затоа што прокоцкаа два гола предност и притоа кажа дека тие немаат желба за успеси.

„Конте сака да добие отказ за време на репрезентативната пауза. Тотенхем мора да му ја скратат мизеријата веднаш“, вели Карагер.

Италијанецот има договор со гигантот од Лондон до крајот на сезоната, а Тотенхем во моментов се наоѓа на четврто место со два бода повеќе од Њукасл.