Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот шутер во историјата, Стеф Кари го заврши натпреварот против Бостон со 43 поени и така стана единствен кошаркар, покрај Леброн Џејмс и Мајкл Џордан, кој на 34 години во финале постигнал повеќе од 40 поени.
Ова беше негов 13. настап во финалето со 30 или повеќе поени, па така се израмни со Коби брајант по број на натпревари на осмото место на вечната листа.
Исто така, стана првиот кошаркар со најмалку 40 поени, 10 скокови и седум тројки во еден меч од финалето.
„Не би коментирал премногу за мојот вечерашен настап. Најважно е тоа што екипата победи и го вративме брејкот. Можеме малку да се опуштиме и да уживаме во победата, затоа што серијата се сели на наш терен“, кажа Кари.