Кари постигна 50 поени, но Голден Стејт загуби од Клиперс (Видео)


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Голден Стејт вориорс загуби од Лос Анџелес Клиперс со 126-134 во битката за петтото место на Западот, иако Стеф Кари имаше неверојатен настап.

Кари постигна дури 50 поени и запиша историја, односно сега е во друштво на Џордан, Џејмс, Брајант и други кошаркари, кои на 35 години постигнале 50 или повеќе поени на еден натпревар.

На спротивната страна најдобар беше Ленард со 30 поени, осум скокови и пет асистенции, додека Пол Џорџ постигна 24 поени.