„Кариерата на Топурија ќе заврши по поразот од Волкановски“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јаир Родригез даде коментар пред битката меѓу австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски и неговиот ривал Илија Топурија.

Топурија кажа дека нема да му даде борба на Родригез ако го победи Волкановски и ја освои шампионската титула.

„Илија живее во свој свет, како да е од друга планета. Сигурен сум дека Волкановски ќе го здроби и сите ќе му се смеат. Не ми се допаѓа тој човек“, кажа Родригез.

Родригез кажа дека кариерата на Топурија ќе заврши со пораз против Волкановски.