Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лорис Кариус, кој се „прослави“ со неговите грешки во финалето меѓу Ливерпул и Реал Мадрид во Лигата на шампиони, имаше интервју за турските медиуми.
Ливерпул минатото лето го купи Алисон Бекер, а Кариус го испрати на позајмица во Бешикташ, но германскиот голман не престанува со грешките.
„Дали ќе бранам повторно за Ливерпул? Не се знае, но можеби ќе бранам повторно. Не ме загрижува тоа дали ќе бидам прв или резервен голман на екипата. Од друга страна, не мислам повеќе на финалето. Тогаш имав тешка повреда и никој не зборуваше за тоа. Луѓето може да зборуваат за што сакаат, тоа повеќе ме мачи. Среќен сум што Ливерпул следната сезона ја освои Лигата на шампиони. Мислам дека и сезонава имаат шанси. Уште контактирам со некои тренери и фудбалери од Ливерпул“, открива Кариус.