Кармело Ентони и Двајт Хауард примени во Куќата на славните


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кошаркарските легенди Кармело Ентони и Двајт Хауард официјално беа примени во Куќата на славните на церемонија во Спрингфилд.

Покрај индивидуалните признанија, и двајцата се овековечени и како дел од познатата американска репрезентација од Олимписките игри 2008 во Пекинг – “Redeem Team”, кој ја врати САД на тронот по бронзата во Атина 2004.

На листата на добитници годинава се и WNBA иконите Маја Мур, Силвија Фаулс и Сју Бирд, долгогодишниот NBA судија Дени Крофорд, тренерот на Чикаго Булс Били Донован и сопственикот на Мајами Хит Мики Арисон.

На церемонијата присуствуваше и Леброн Џејмс, член на “Redeem Team” и шампионскиот Хит.

Хауард со емоции им се заблагодари на своите родители, додека Џејсон Кид се потсети на легендарните дуели помеѓу Коби Брајант и Џејмс за време на тренинзите.