Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Антонио Касано во текот на својата кариера играше за многу тимови, но многумина веруваат дека тој никогаш не го постигна тоа што се очекуваше од него.
Касано како тинејџер пристигна во Рома од Бари за дури 28 милиони евра, а се очекуваше да има одлична кариера. После пет години во Рома, тој реши да се пресели во Реал Мадрид, каде престојуваше само една година, а после тоа започна падот во кариерата.
Италијанскиот напаѓач потоа се пресели во Серија А, каде играше за Сампдорија, Интер, Милан, Верона, а пред две години реши да ги закачи копачките.
Сега можеме да го видиме Касано често во италијанските медиуми, бидејќи тој нема влакна на јазикот коментирајќи за сè што се случува. Тој го сврте своето внимание со избирање на првите 11 со кои играше во својата кариера.
Тимот на играчи од соништата на Касано со кој играше се: Буфон, Кафу, Серхио Рамос, Самуел, Роберто Карлос, Пирло, Зидан, Сидорф, Тоти, Ибрахимовиќ, Роналдо.