Касано: Италијанското првенство е мизерно


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот италијански напаѓач Антонио Касано (43) изрази остра критика кон квалитетот на Серија А, нагласувајќи дека лигата ја одржува во живот исклучиво страста на навивачите, додека фудбалската ниво во Италија стагнира. Касано смета дека на играта ѝ недостига ритам и тековност, а падот на квалитетот се одразил и на слабите резултати на италијанските клубови во Европа, пишува Goal.com.

Последните резултати на италијанските тимови во Лигата на шампионите беа повод за неговите зборови. Интер беше единствениот клуб што оствари победа, совладувајќи го белгискиот Унион Сент Жилоа со уверливи 4:0.

Наполи под водство на тренерот Антонио Конте доживеа шокантен пораз 6:2 од ПСВ, додека проблемите на Јувентус продолжија со поразот од 1:0 од Реал Мадрид, со што неговата серија без победа се продолжи на седум натпревари. Разочарувачката недела ја заокружи Аталанта на Иван Јуриќ играјќи 0:0 со прашка Славија.

Овие неуспеси поттикнаа нова дебата за состојбата на италијанскиот фудбал. Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Милан тврди дека спориот стил на игра, одолжувањето и недостатокот на реформи довеле до брутално досадна игра во Серија А.

„Италијанското првенство е мизерно, не нуди никакви емоции. Само страста на навивачите го одржува во живот, но квалитетот е навистина низок. Тоа е непријатно, речиси срамно. Гледањето на некои натпревари е мака. Нема ритам, нема спектакл”, изјави Касано.