Касемиро имаше добар план, но Анчелоти го одби и згреши!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец Касемиро ќе го пропушти реваншот во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) против ПСЖ, откако првиот меѓусебен дуел го доби францускиот гигант со 1-0.

Тренерот Карло Анчелоти не може да смета на Касемиро во реваншот затоа што тој поради еден глупав потег доби жолт картон.

Касемиро претходно имаше добра идеја во реваншот против Шериф Тираспол, кога му предложи на Анчелоти да заработи жолт картон за да може да го пропушти последниот меч против Интер, а потоа да игра во нокаут-фазата, но тренерот не се согласи.

Италијанецот беше чесен и не сакаше неговиот играч да направи таков потег, меѓутоа тоа на крајот скапо го чинеше затоа што остана без услугите на Бразилецот.