Касемиро му го расипа шоуто на Турам: Реал Мадрид освои бод во Германија ?


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Реал Мадрид одигра само реми на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах (2-2) во второто коло од елитната Лига на шампиони.

Борусија водеше со 2-0 благодарение на головите на Маркус Турам во 33. минута, односно 58. минута, но „кралевите“ успеаа да се спасат од нов срам во судиското надополнување.

Карим Бензема во 87. минута од натпреварот намали на 1-2, по што Касемиро во 93. минута ги постави конечните 2-2.

Реал Мадрид по два одиграни меча има еден освоен бод, додека по два имаат Интер и Борусија, а првопласиран е Шахтјор со четири бодови.