Касемиро отворено за Зидан: Тој патеше со нас и никогаш не не напушти...

Зинедин Зидан, направи навистина изненадувачко враќање на клупата на Реал Мадрид, иако претходно клупата на тој тим ја напушти пред 10 месеци.

Неговиот претходник, Сантијаго Солари, доби отказ откако Реал е елиминиран од осминафиналето во Лигата на шампионите од Ајакс, а не му цветаа рози ниту во првенството во Шпанија.

Потоа дојде до неочекувано враќање на Зинедин во Реал кој дебитираше со победата против Селта од 2:0. Тој како што се наведува ќе заработи голема сума за да донесе неколку засилувања во клубот следното лето.

„Тој е легенда на клубот. Не само како играч, туку и како тренер. Покаа дека тој за нас е и повеќе од тренер. За нас играчите, тој никогаш не замине, бидејќи ни го остави стилот на игра. Патеше заедно со нас, и затоа се одлучи да се врати. Покажа дека го сака овој клуб и затоа се врати“.

Селдниот меч Реал Мадрид ќе го одигра в недела.