Касемиро застана во одбрана на играчот кој е најкритикуван во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот интернационалец Касемиро застана во одбрана на Герет Бејл и побара луѓето да го ценат Велшанецот и да престанат да го следат во тоа што тој го прави надвор од теренот.

Бејл годинава има само три погодоци и две асистенции во 18 натпревари за Реал Мадрид, но неговото однесување надвор од теренот многу ги лути навивачите, но и челниците на клубот кои на секој начин се обидуваат да се ослободат од Велшанецот.

„Јас го бранам Бејл, тој е неверојатен играч. Луѓето зборуваат само лоши работи за тоа што тој го прави надвор од теренот, но никогаш не зборуваат за тоа што ќе го направи и што ќе биде добро, како головите кои ги постигнал за нас во финалињата кои ни донесоа трофеи“ –изјави Касемиро.