Касилјас го избра најдобриот фудбалер на ЕП 2024


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Икер Касилјас ги следи натпреварите на Европското првенство (ЕП), а вечерва ќе ужива во финалето меѓу Шпанија и Англија.

Касилјас е воодушевен од Ламин Јамал кој играше импресивно во изминатиот период на ЕП во Германија.

„Јамал е уживање за очи. Тој е подготвен и игра сериозен фудбал. Такво нешто воопшто не е лесно на негова возраст“, вели Касилјас.

Поранешниот шпански голман очекува титулата да заврши во рацете на неговата татковина.