Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матеу Лахос ќе го суди дербито во шпанското првенство меѓу Реал Мадрид и Барселона. Тој досега им судел четири меча на двата клуба, а поуспешни се „кралевите“ со две победи и едно реми, додека еден триумф припаднал на Барселона.
Првпат судел во „Ел Класико“ во 2012 година, кога Реал победил во Суперкупот на Шпанија со 2-1,а Жозе Мурињо тогаш го пофали Лахоз за одлично завршената работа.
И во следниот меч, во финалето на шпанскиот Куп, Лахоз беше одличен во дуел во кој Реал победи со 2-1.
Барселона славеше во 2015 година со 2-1, додека на последната средба меѓу двата гиганта резултатот бил 1-1.
Каталонците не се задоволни со изборот, зашто Лахос носел сомнителни одлуки против Барселона, како една на минатото „Ел Класико“ кога го исклучил Осман Дембеле поради приговор.