Каталонците се заинтересирани за играч на Манчестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона и Манчестер Сити разговараат за размена на фудбалери.

Според каталонски Спорт, Барселона му понудила на англискиот вицешампион размена на играчи во кои сакаат да го обезбедат потписот на младиот дефанзивец Ерик Гарсија.

Гарсија е дете на Барселона. Роден е во овој град, но 19-годишниот стопер реши пред три години да ја напушти Ла Масија и да потпише за Манчестер Сити.

Сега Барселона го сака назад. Спорт пишува дека тие му понудиле на Сити размена за него и дека се подготвени да го понудат Нелсон Семедо на Граѓаните.

За да се заврши овој трансфер, Сити би го испратил и Жоао Кансело во Каталонија, кој пристигна во клубот минатата година во размена со Јувентус.

Ќе биде интересно да се види дали Сити на крајот ќе се согласи на ваква размена, што, мора да се признае, е многу интересна.