Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Францускиот фудбалер Антоан Гризман по пет години реши да го напушти Атлетико Мадрид, па многумина сметаа дека е вистинско време да се пресели во Барселона, но очигледно такво нешто нема да се случи.
Францускиот напаѓач пред крајот на сезоната соопшти дека заминува, а според каталонски „Спорт“, Гризман ќе се пресели во редовите на ПСЖ.
Каталонскиот медиум пишува дека 28-годишниот напаѓач постигнал договор со францускиот шампион, па наскоро треба да биде официјално потврден неговиот трансфер.
На „Паркот на принцовите“ Гризман треба да го замени Едисон Кавани, кој е пред заминување од Париз, а засега не е познато каде ќе се пресели.