Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Каталонскиот медиум пишува дека Манчестер сити подготвил понуда за Лионел Меси, која изнесува 600 милиони евра за пет години, а оваа шпекулација доаѓа откако вчера се појави информација дека Аргентинецот ќе добие 750 милиони евра.
Меси ќе добие 350 милиони евра за три години во Сити и уште 250 милиони за настап за „братскиот“ клуб на „граѓаните“, а тоа е Њујорк сити.
Аргентинецот понудата ќе ја добие пред него за неколку дена, а неопходно е само Меси да го реши проблемот со Барселона и да го раскине договорот, што нема да биде лесно поради тоа што Ла Лига е на страната на каталонскиот клуб.
А друга опција Меси да замине е некој да плати 700 милиони евра што е речиси невозможно.