Кавани ќе носи легендарен број на дресот на Манчестер јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот напаѓач Едисон Кавани синоќа го засили Манчестер јунајтед и потпиша едногодишен договор, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.

Кавани кажа дека е задоволен затоа што се преселил во Манчестер бидејќи тоа е еден од најголемите клубови во светот.

„Манчестер Јунајтед е еден од најголемите клубови на светот и голема чест е да се биде овде. Работев многу за да добијам шанса. Тоа што ме радува е враќањето на навивачите на трибините“,

Кавани ќе го носи бројот седум на неговиот дрес, а сите се надеваат дека ќе го оправда бидејќи во минатото него го носеа многу легенди.