Кавани обвинет за расизам, Манчестер јунајтед застана во негова одбрана!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија реши да го казни напаѓачот на Манчестер јунајтед, Едисон Кавани со суспензија од три меча поради расизам.

Напаѓачот на „ѓаволите“ му се заблагодари на пријателот за честитката за двата гола против Саутемптон, а притоа го нарече „негрито“.

Јунајтед веднаш се јави со соопштение и порача дека нивниот фудбалер го користел зборов во поинаков контекст, меѓутоа тоа не го спаси од казна.

„Клубот Манчестер Јунајтед и сите наши играчи се максимално посветени во борбата против расизмот и ќе продолжиме да соработуваме со Фудбалската асоцијација. Едисон и клубот се јасни дека не постоела никаква зла намера во пораката. Тој ја избриша и се извини на јавноста порачувајќи дека може да биде погрешно разбрана“, пишува во соопштението од на Јунајтед.