Кавани откри што планирал да направи пред потписот за Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот напаѓач Едисон Кавани најверојатно ќе биде квалитетно засилување за Манчестер јунајтед. Тој презема голема одговорност со бројот седум на неговиот дрес, кој претходно го носеа многу легенди како Ерик Кантона, Џорџ Бест, Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам…

Кавани пред некое време размислувал да ја прекине кариерата поради пандемијата со вирусот, но оваа понуда му пристигнала од никаде.

„Моето и здравјето на семејството секогаш е на прво место, па затоа размислував да се повлечам од фудбалот. Страдавме за време на коронавирусот со мојата фамилија и мојата девојка. Навистина беше лошо поради стравот, благодарение на Бог сега е во ред к еве ме тука. Како што кажав, ја разгледував можноста да престанам да играм фудбал и да се посветам на мојот живот на село. Во таква ситуација нормално е да размислуваш на таков начин, првенствата стартуваа, јас сакав да најдам тим, но некогаш се појавуваат работи кои не ти дозволуваат да го направиш тоа што го сакаш“, вели Кавани.