Кавани се договори со Атлетико, следен е Матиќ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голгетерот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани договори трансфер во мадридски Атлетико најдоцна на крајот на сезоната, пренесуваат бројни шпански и италијански медиуми

Фудбалерот од Уругвај има договор со ПСЖ до јуни наредната година, но веќе е договорен трансфер за тригодишна соработка со Атлетико.

Медиумите пишуваат дека постои можност Кавани веќе во јануари да се пресели во Шпанија за симболично оштетување, во зависност од договорот помеѓу двата клуба.

Кавани шест и пол години е член на ПСЖ, со 196 голови е прв стрелец во историјата на клубот, но оваа сезона е во сенка на Мауро Икарди.

Планот на Атлетико по Кавани е доаѓањето на Немања Матиќ од Манчестер Јунајтед, на кого договорот му завршува по крајот на оваа сезона.

Сепак, Матиќ е цел и на италијанските клубови, пред се на Интер на чело со Конте, со кој успешно соработуваа во Челзи.