Казната која ќе ја добие Барселона поради случајот со Гризман во најмала рака е смешна


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Антоан Гризман ова лето пристигна во Барселона од клупата на Атлетико Мадрид за 120 милиони евра.

Французинот најави дека ќе го напушти Атлетико неколку недели пред да го направи тоа, а после тоа се поврзуваше со неколку потенцијални дестинации, но на крајот тој пристигна во редовите на Камп Ноу.

Сепак, Атлетико потоа упати жалба врз основа на тоа дека се појавила информација дека Барселона склучила договор со Гризман неколку месеци порано од неговиот трансфер.

Проблемот е тоа што до тогаш откупната клаузула на Гризман била 200 милиони евра, а во јули таа падна на 120 милиони евра и Атлетико смета дека е измамен.

На крајот е покрената истрага околу овој случај, а главниот истражител Хуанто Ландабреа и предложил на Барселона дали сака да плати казна од 300 евра или да одигра натпревар без публика.