Ќе биде подобар од неговиот татко: Неверојатна статистика на синот на Роналдо


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Синот на Роналдо во моментов игра за младинскиот тим на Јувентус, а судејќи според неговата статистика, таму не држи место во тимот со врски, бидејќи е син на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Кристијано Јуниор за у9 тимот на Јувентус има одиграно 23 натпревари на кои има постигнато неверојатни 58 погодоци на кои запишал и 18 асистенции.

На своето деби за Јувентус минатата сезона, Роналдо Јуниор постигна пет погодоци. Иако нема ни 10 години, многумина веќе му предвидуваат блескава кариера.