“Ќе доведеме максимално три играчи“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот стручнак на клупата на Арсенал Арсен Венгер го искоментира летниот преоден рок и желбите на неговата екипа.

Арсенал веќе го доведе Гранит Џака од Борусија Мехенгладбах, а освен него во клубот ќе дојдат уште максимално два фудбалери.

“Ние веќе купивме еден фудбалер – Гранит Џака. Значи, купивме играч за врска и сеуште бараме на пазарот нови фудбалери, но е многу тешко“, рече Венгер и продолжи:

„Не е само поентата во купување на фудбалери. Истотака мораме да држиме баланс во екипата. Ако купите многу нови фудбалери, тогаш ќе го дестабилизирате тимот. Значи, максимално двајца фудбалери ќе доведеме“.

Да потсетиме дека Арсенал пред неколку дена се поврзуваше со напаѓачот на Лестер, но тој трансфер пропадна после што Венгер рече дека тој останува фудбалер на Лестер.