„Ќе ги поскапиме влезниците и ќе ги избркаме г**ната од стадионот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Газдата на Наполи, Аурелио де Лаурентис секогаш го кажува тоа што го мисли, па повторно ја насмеа јавноста со неговата најнова изјава, која се однесуваше на дел од навивачите.

Де Лаурентис пред неколку дена имаше состанок со група навивачи на Наполи на железничка станица, во моменти кога тргна по ново засилување, Џовани Ди Лоренцо.

„Мора да ги тргнеме г**ната од стадионот, со такви луѓе не се освојува Скудето. Јас сум разочаран затоа што Јувентус со стадион од 39.000 места има приход од 5,5 милиони евра, а ние со стадион од 55.000 имаме приход од 2,1 милион. Идната година ќе ги поскапиме билетите“, кажа Лаурентис и порача дека наскоро Скудетото ќе пристигне во Неапол.