Ќе „летаат“ казни: НБА-лигата почна истрага, а во центар на внимание е Богдановиќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради пропаднатиот договор меѓу Милвоки бакс и Сакраменто кингс, НБА-лигата реши да отвори истрага.

Американските медиуми пишуваа дека Богдановиќ ќе се пресели во Милвоки, но бидејќи Србинот е ограничено слободен кошаркар, тој со Сакраменто и со другите тимови може да преговара дури кога ќе почне преодниот рок.

Договорот беше постигнат пред неколку дена, додека преодниот рок почнува денеска. Тимовите се правдаат за да избегнат казна, но НБА очекувано почна истрага затоа што е забрането да се преговара со кошаркари пред преодниот рок.

Клубовите не смееле ништо официјално да потпишан, ниту да прават било каков трејд пред петоо и поради тоа би можеле да бидат казнети.