„Ќе му судам на Марадона за тоа што го покажа на теренот, секој си живее како што сака!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Диего Армандо Марадона го расплака целиот свет откако почина во средата од срцев удар на 60 години во неговиот дом во Буенос Аирес.

Многу познати личности се збогуваа со Марадона преку социјалните мрежи, а тоа го направи и напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ.

„Многу ми е жал, за мене Марадона е повеќе од фудбал. Тој е легенда за многумина. Имав среќа да го запознаам и да зборувам со него. Го сметам за идол на сите фудбалери. Кога ќе помислите на бројот 10, кој ви паѓа на памет? Марадона! Тој е симбол на десетката. Денеска луѓето го избираат тој број поради него“, вели Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ вели дека ќе му суди на Марадона според тоа што го постигнал на теренот, а не надвор од него.

„Не знам дали носел правилни одлуки во животот, но знам дека се што правеше, правеше со срце. Секогаш беше свој човек. Модерниот фудбал денес е преполн со фудбалери кои се обидуваат да бидат совршени во секоја смисла и да не прават грешки. Меѓутоа, човек за да порасне и да созрее потребно е да греши. Никој не се родил совршен. На Марадона му судам по она што го правеше на теренот, тоа што го правеше надвор од него тоа е негова работа. Секој треба да живее онака како што сака. Треба да го паметиме по она што беше на теренот и сигурен сум дека историјата така ќе го памети“, кажа Швеѓанецот.