Ќе остане ли Милевски селектор на Македонија?


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Македонија утревечер го игра последниот меч од квалификациите за Европското првенство (ЕП) против Англија во Скопје, а селекторот Благоја Милевски зборуваше за натпреварот, но и неговиот договор.

Милевски се надева на позитивен резултат против „Гордиот Албион“, а воедно кажа дека професионално ќе си ја извршува работата сè додека е селектор на Македонија.

„Јас професионално работам и така ќе биде до крај. Мојот договор истекува, но јас ќе бидам максимално професионален сè додека сум селектор. Прашањето дали ќе добијам нов договор треба да го поставите на друго место“, вели Милевски.