Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Коронавирусот во Кина направи хаос, но луѓето почнуваат повторно нормално да живеат и се размислува за старт на спортските настани во земјата.
Кинеската Суперлига требаше да продолжи од средината на април, но сега се појави прв случај на заразен фудбалер од Ковид-19.
Странскките медиуми пишуваат дека станува збор за фудбалер на второлигашки клуб. Тој е првиот фудбалер во Кина кај кого е откриен вирусот.
Иако името на фудбалерот засега не е официјално објавено, медиумите откриваат дека станува за бразилскиот играч Дори.
Во Кина моментално има 80.000 заразени жители, а животот го загубија 3.200 луѓе. Сепак, ситуацијата е ставена речиси под контрола.