Ќе се менува ЛШ од корен: Ќе има 36 екипи, а шест ќе бидат од Англија?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Европската фудбалска федерација (УЕФА) има план од 2024 година целосно да ја промени Лигата на шампиони (ЛШ), па ништо нема да е како што изгледа сега.

Англиските медиуми објавија детали за реформите во ЛШ, а според нив групната фаза ќе биде укината, додека во натпреварувањето ќе учествуваат 36 тимови, од кои шест ќе бидат од Премиерлигата.

Ќе се игра по швајцарски систем, така што секоја екипа ќе одигра 10 натпревари, а првите осум ќе играат во осминафиналето, додека од 9 до 24 место ќе играат плејоф за пласман во осминафинале.

Зошто Англија да има шест екипи?

Oдлуката e oд четирите нови места, две да бидат загарантирани за клубови со највисок коефициент, кои преку домашните лиги не би биле во групата на сигурни учесници. Бидејќи шесте англиски премиерлигаши се во првите 15 екипи на УЕФА рангирањето, практично многу извесно е дека би имале загарантирано место, особено што останатите девет од четирите земји со по четири претставници ги даваат останатите девет клубови со најдобар коефициент.

Наводно на конгресот на УЕФА во април идната година на дневен ред ќе биде ставена целата реформа на европските натпреварувања после 2024 година, а УЕФА веќе година дена води преговори за утврдување на сите детали.