Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус го победија како гостин Лацио со 1:0 во дербито од 2 коло од италијанската Серија А.
Првото полувреме не понуди многу. Јувентус беше нешто поконкретен, имаа два обиди кон голот на домаќините, но на одмор се отиде без голови.
Продолжението донесе подобра игра на Старата дама.
Пауло Дивала задаваше најголеми проблеми на одбраната на Лацио, а Аргентинецот во 66 минута го креираше водечкиот гол на гостите.
Го проигра Сами Кедира, кој погоди за водство на Бјанконерите од 1:0. До крајот неколку обиди на двете страни. Сепак резултатот не се менуваше, и Јувентус стигна до втората победа во сезоната.