Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кавгата со Марсело Биелска како да го означи почетокот на уривањето на римскиот гигант.
Навивачите на Лацио веќе одамна му замеруваат на претседателот Клаудио Лотито дека е премногу евтин при преговорите, но не можат да заборават дека го превзеде клубот кога беше на работ на банкрот.
Меѓутоа, случувањата од овој преоден рок може да го надвладее тоа. После Марсело Биелса и Кеита Балде Диао дигна глас против самоволието на Лотито.
Да потсетиме, Кеита Балде веќе влезе во отворена војна со клубот кога не се појави на тренингот и притоа го исклучи телефонот.
Јавноста е уверена дека само пробува да издејствува трансфер во некој поголем клуб, но 21-годишниот напаѓач рече дека не е само тоа во прашање.
„Го сакам и почитувам овој дрес, но не можам повеќе да го трпам начинот на кој се однесуваат кон мене. Ми ветија доста, не исполнија ништо. Неколку пати зборував со претседателот и спортскиот директор, го изнесов своето мислење, но на никој не му е грижа, а по мене постојат само два начини.
„Едниот е да делиш идеи и проекти, да работиш со група, со можноста да растеме заедно и да градиме подобра иднина. Другата е оваа сега. Каде што дел од клубот не слуша никој и ништо. И уште кога ќе додадеш луѓе кои зборуваат едно, а работат друго…“, рече Кеита и додаде:
„Вака не се гради. Вака се уништува“.
Јувентус, Интер и Реал. Сите тие се доведувани во врска со сенегалскиот напаѓач.