Кејлор Навас побарал да замине од Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува шпанска Марка, голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас побарал од челниците на клубот да замине од тимот.

Главна причина е тоа што Навас смета дека треба да биде прв голман, додека прв избор на Зидан е Белгиецот Куртоа.

Навас не сака уште една сезона да помине на клупа, па побарал да оди, а Реал наводно веќе бара негова замена.

Најголем интерес за Навас наводно покажал ПСЖ и како што јавува Марка веќе започнале преговори со голманот на Реал Мадрид.

Кејлор Навас е од 2014. година во Реал, а дојде од Леванте, откако добро бранеше за својата репрезентација на Светското првенство во Бразил.

Останува да видиме дали Зидан ќе ја промени својата одлука или ќе го пушти Навас да си оди.