Кејн е расположен да засили европски гигант


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот напаѓач Хари Кејн летово повторно ќе биде главна тема затоа што неколку екипи се поврзуваат со негов трансфер, а меѓу нив е Баерн Минхен.

Новинарот Флоријан Плетенбург објави дека менаџерот на англискиот голгетер бил расположен за преговори со баварскиот тим.

Тотнем нема да го продаде Кејн за помалку од 100 милиони евра, но Баерн е пореална дестинација за Англичанецот затоа што претседателот на клубот, Даниел Леви не сака да ги засили останатите премиерлигаши.

Реал Мадрид, исто така, беше опција за Кејн, но засега нема конкретни чекори од „кралевите“ бидејќи и Килијан Мбапе е на нивната листа со желби.