Кејн не е тешко повреден, но ќе го пропушти дербито против Леверкузен


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Борусија Дортмунд ремизира против Баерн Минхен, а мечот го одбележа повредата на англискиот голгетер Хари Кејн.

Тренерот на Баерн, Винсент Компани кажа дека Кејн не е тешко повреден, но ќе мора да го пропушти дербито против Баер Леверкузен.

„Хари ми кажа дека нема тешка повреда. Ќе направиме дополнителни тестови. Сепак, не може да сметаме на него против Баер Леверкузен“, кажа Компани.

Дуелот меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен се игра на 3 декември од 20.45 часот во германскиот Куп.