Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Јунајтед наскоро ќе им покаже на навивачите ширум светот она што со години се криеше зад затворените врати. Еден од најголемите клубови во светот постигна договор кој предизвика огромно внимание во Англија.
Според информациите што ги објавуваат британските медиуми, Манчестер Јунајтед ќе биде главната ѕвезда на новата документарна серија на компанијата Amazon Prime наредната сезона.
Камерите ќе го следат клубот во текот на целата сезона 2026/27. Тоа ќе биде првата целосна сезона со Мајкл Керик на клупата на Црвените ѓаволи.
Амазон за овој проект наводно одвоил рекордна сума, најголема откако снима популарниот серијал “All or Nothing”.
Иако точната сума не е објавена, британските медиуми велат дека е договор кој надминува претходните договори со Арсенал, Тотнам и Манчестер Сити.
Познато е дека Тотнам за документарецот за сезоната 2019/20 добил околу десет милиони фунти.














