Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ вчера почина на 53-годишна возраст откако ја загуби битката со леукемијата.
По сопругата Аријана, со порака се огласи и неговата ќерка Вирџинија и притоа ги расплака фановите на Србинот.
„Тешко е тато, многу е тешко. Во вакви моменти секогаш ми треба прегратка, но не од било кого, туку од тебе. Не можам да го прифатам ова, но ќе морам. Никогаш нема да се разделиме, иако нема да бидеш покрај мене“, напиша Вирџинија.