Ќерката на Модриќ му помага на Ѓулер во рехабилитацијата (Видео)


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Турскиот фудбалер Арда Ѓулер летово се пресели од Фенербахче во Реал Мадрид и се очекува да биде инвестиција за иднината на шпанскиот гигант.

Ѓулер се повреди на турнејата во САД, па во моментов е на рехабилитација, а во тоа му помага 10-годишната ќерка на Лука Модриќ, Ема.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се забележи дека Ема му ја додава топката на Турчинот за да ги прави вежбите кои му се потребни.