„Кикер“: Братот на Азар се сели во германски гигант


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на Борусија Дортмунд го договори првото засилување за идната сезона, а станува збор за Торган Азар, братот на ѕвездата на Челси, Еден Азар.

Помладиот брат на Еден на крајот на минатиот месец наполни 26 години. Тој настапува одлично за Борусија Менхенгладбах, па во 27 натпревари во Бундеслигата постигна девет гола, а исто така стрелаше трипати во Купот, како и двапати во дресот на Белгија во поразот од Швајцарија.

Германски „Кикер“ пишува дека Азар договорил трансфер вреден 40 милиони евра со сите бонуси, а ќе пристигне во Дортмунд како замена за Кристијан Пулишиќ, кој по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Челси за цена од 64 милиони евра.