Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Преснел Кимпембе беше трагичар на реваншот од мечот во осминафиналето од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
ПСЖ по првиот меч имаше предност од 2:0 на „Олд Трафорд“, но на свој терен се уништија. Јунајтед славеше со 3:1, а третиот погодок го постигнаа во судиското дополнување од белата точка.
Пеналот го направи Кимпембе кој во својот казнен простор играше со рака, а по ВАР судијата покажа на белата точка. Маркус Рашфорд беше сигурен и погоди за сензација на Јунајтед во Париз.
Очигледно е дека Кимпембе ја научи лекцијта, а тоа најдобро се виде на синоќешниот меч против Стразбург. Во текот на еден напад на противничкиот играч шутираше кон домашните, а Кимпебме овојпат рацете ги стави зад грб.
Секако, не требаше долго за оваа фотографија да стане една од главните теми на фудбалските фанови ширум социјалните мрежи.
Kimpembe learnt his lesson ?? pic.twitter.com/6oee5eoE85
— Löwe (@AndreasRole) April 7, 2019