Кин разочаран од „ѓаволите“: Не можам да ги гледам…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рој Кин го критикуваше премиерлигашот по победата против Ковентри на пенали, иако „црвените ѓаволи“ во еден момент имаа предност од 3-0.

Кин кажа дека „ѓаволите“ играат толку лошо што не може ниту да ги гледа на моменти.

„Некои играчи не славеа на крајот. Им беше срам затоа што победија на ваков начин. Не ми се допаѓа овој Манчестер јунајтед. Секоја недела приказната е иста. Никогаш не знаеш што ќе се случи. Не гледам никаков карактер во оваа група на играчи. Го гледам голманот како намерно троши време. Не можам да ги поднесам“, кажа Кин.