Кинезите го блокираа трансферот на Ромањоли


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Фудбалерот на Милан беше на мета на Челси, но од тој трансфер нема да биде ништо.

Ви пишувавме, наводно Челси според пишувањата на италијанските медиуми беше заинтересиран за Алесио Ромањоли, младиот стопер на Милан.

Наводно Челси е спремен да понуди и до 50 милиони евра  за овој трансфер, но тој, сепак, нема да се случи.

Причина пронајдоа Кинезите, новите сопственици на клубот, ја стопирале целокупната процедура.

Тие се уверени дека 21-годишниот фудбалер ќе има  можеби и поголема вредност во иднина кога ќе сакаат да го продадат.

Покрај тоа, во овој момент е многу тешко да се пронајде вистинска замена за него бидејќи преодниот рок се приближува до крај.