Кинезите го земаат Милан на 7 јули! Нов тренер и буџет од 150 милиони евра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се подготвува голема реконструкција во нападот, поради тоа што заминуваат Бака, Нианг, Балотели, Менез…

Веќе недели наназад се кршеа копја околу тоа дали и кога моќните кинески инвеститори ќе откупат 70 % од Милан и ќе внесат некоја нова енергија во паднатиот гигант.

А после многу одложувања и напорни преговори Росонерите конечно добиле „термин“ – 7 јули. Милан на сите ќе се претстави во ново руво.

Ако конечен одговор навистина дојде до почетокот на јули, сите документи ќе бидат завршени до крајот на август. А до тогаш следи голема реконструкција на клубот и вложување од дури 150 милиони евра, каде што на сите линии на тимот ќе доживеат одредени промени, но најголемата разлика ќе се почувстува во нападот.

Во Милан веќе се спремаат за новите околности. Карлос Бака синоќа е известен дека слободно може да бара нов клуб. Со него заминува и Мбаје Нианг, кого го сакаат поедини англиски клубови.

Додека Марио Балотели е одамна минато, на излезните врати е и Жереми Менез, кој повеќе не го гледаат во тимот.

Затоа се подготвуваат и големи засилувања. Поради тоа што летната сезона на трансфер пазарот е отворен со потпис со Џанлука Лападула, првиот оперативец на Росонерите Адријано Галијани веќе доби нови работни задачи – за на сите можни начини да го убедат Леонардо Паволети да дојде на Сан Сиро.

Галијани верува во добрите врски кои ги имаат Милан и Џенова, поради што работата не треба да биде премногу комплицирана.  Но, со вистинска цена, каде што ќе се преговара во наредните денови.

Но прва и голема желба на Милан е да го убедат Јувентус да го пушти Симоне Заза, во клубот се спремни и на резервна варијатна, а тоа е Чиро Имобиле. Италијанскиот репрезентативец после заминувањето од Торино не се прослави во Торино, а ни во вториот мандат кај Биковите, додека во Милан сметаат дека може со расен стрелец да се вратат на вистинскиот пат.

Нормално веќе се подготвени и пари и тоа околу 11 милиони евра, што треба да ги задоволат апетитите на Севиља.

Но, тоа не е се. Пред се клубот мора да го реши прашањето на тренер, а таа работа пополека станува јасна. Со доаѓањето на кинеските инвеститори Кристијан Броки го губи местото на клупата, кое најверојатно ќе го завземи Марко Џампаоло.

Довчерашниот стратег на Емполи е виден како прв фаворит, пред Франк Де Бур. Според досегашните најави од Чизмата, се упатува натоа дека Џампаоло ќе биде нов шеф на стручниот штаб, а со него треба да дојдат и двајца најдобри играчи на Емполи – Рикардо Сапонара и Леонардо Паредес.

Во случај на некогашниот младински репрезентативец на Италија е во прашање враќање во клубот во кој не се прослави во текот на две години (2013-2015) и одигра само осум натпревари. Но, повторното заминување во Емполи го врати Сапонара во живот, што повторно го заинтересира Росонерите.

Клубот сериозно смета и на 21-годишниот Паредес, кој дури во Емполи се пронајде себе, после доста лутање по разни позајмици.

Паредес со договор е врзан со Рома, но Волчицата сака да се растерети од играчкиот кадар за наредната сезона, не би требало да има проблем околу евентуален трансфер. Плус, работата треба да биде дополнително олеснета поради заминувањето на Стефан Ел Шарави на спротивна страна.

Во игра и понатака е Емануеле Џакерини, на кого му е доста во Англија и Сандерленд и сака што побрзо да се врати дома. Но, Милан ќе има силна конкуренција во Рома, Фиорентина и Интер кој истотака фрли око на крилниот напаѓач на Аѕурите.

Се мириса на пеколно лето на Сан Сиро.