Кире и Нант го замолкнаа Кил среде Германија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Воодушевени љубители на најголемиот ракометен клуб во светот гледаа ракометен час во кој аутсајдерот Нант го одржа за своите миленици. „Канаринците“, и покрај предвидувањата, го совладаа Кил во Германија 27:35 (12:15).

Без неколку стандардни првотимци – Балагер, Њокас, Кавалканти, Мине и Гурбиндо, Нант, во јубилејниот стоти натпревар на евро-сцената, предводен од маестро Кирил Лазаров, го „тресеше“ моќниот Кил на терен!

Емил Нилсен блескаше на голот, а македонскиот ракометен бог одлично го предводеше нападот на францускиот тим (официјално „само“ шест асистенции, а се чинеше дека ги имаше 16). Кил го потцени вечерашниот ривал и тоа скапо го чинеше.

Нант водеше од почетокот до крајот, имаше плус пет во текот на првото полувреме, но решавачка беше серијата од 11:4 од 41. до 55. минута, кога на семафорот стоеше 23:32. Ова е прв пораз на Кил по лесниот триумф во Загреб пред седум дена, а за Нант прв триумф, по поразот од Веспрем на домашен терен. Кил беше без помошта на голманот Никлас Ландин, за кого се очекува подолга пауза.

КИЛ: Квинстед, Сагау – Дувњак 1, Сагосен 4, Реинкинд 2, Ландин 4, Вајнхолд 2, Винчек 3, Екберг 3, Дамке 1, Зарабец 2, Пекелер 4

НАНТ: Димулан, Нилсен 1 – Бри 4, Овничек 3, Ривера 10, Августинсен 4, Пешмалбек 4, Фигуерас 6, Лазаров 2, Де ла Брет 1