Киргиос брутален спрема новинар: Сигурно ти е многу досадно во животот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ник Киргиос после излегувањето од Рафаел Надал на Вимболдон имаше свое шоу на прес-конференцијата.

Како што сам призна не е доволно посветен на овој спорт за да освои некој од големите турнири.

„Знам што можам да направам. Јас сум одличен тенисер, но не ги работам останатите работи. Не сум голем професионалец. Не тренирам секој ден, не доаѓам секој ден. Многу работи морам да исправам за да бидам на ниво на Надал, Ѓоковиќ и Федерер. Само зависи колку силно тоа го посакувам. Но не, моментално не размислувам да се борам за големи работи“.

Неговото однесување надвор од терените секогаш е тема на медиумите. Така еден новинар го праша дали жали што бил во провод вечерта пред мечот со Надал.

„Не. Изгледаш премногу возбудено што поставуваш такво прашање, сигурно ти е многу досадно во животот“.