Кирјос доби последно предупредување пред – суспензија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Австралискиот тенисер Ник Кирјос доби последно предупредување пред исклучување од Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП).

АТП почна постапка против Кирјос поради неговото однесување, а поради тоа што го направи на турнирот во Синсинати беше казнет со 25.000 долари и суспензија од 16 недели.

Меѓутоа, доби и шестмесечни пробен период во кој не смее да направи ниту еден инцидент, а ако тоа се случи на крајот, тој ќе мора да се збогува со тенисот.

Сепак, ако биде мирен во следните месеци казната ќе му биде прекината, а тоа е многу веројатно,  зашто прашање е дали поради повреда ќе успее да заигра повторно во следните месеци.

Да потсетиме, Кирјос во Синсинати плукна и навредуваше судија и за тоа беше казнет со 113.000 долари од страна на организаторите.