Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Австралискиот тенисер Ник Кирјос не може да помине без да направи некој проблем на турнирите, па често влегува во конфликт и со судиите.
Така беше и синоќа кога Кирјос во второто коло од Ју-Ес Опен играше против Антоан Хоан.
Контроверзниот тенисер на мечот го покажа натписот на маичката „Just do you“, а тоа е спротивно на правилата. Сепак, Кирјос не се смири со тоа.
„Сакам да ги видам правилата, сакам да ги видам правилата. Нема да играм додека не ми ги покажете“, порача Кирјос.
Сепак, по некое време некако се смири, па ги испочитува правилата и замина на другиот крај за да го продолжи дуелот.
На крајот славеше со 3-0 и се пласираше во третото коло, кадешто го чека меч против Рубљев.