Кирјос се потсмева со Синер за допинг-скандалот: Само можеме да кажеме – не знаевме!


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Австралискиот тенисер Ник Кирјос го изрази своето мислење за ситуацијата во која се најде полската тенисерка Ига Швјонтек овие денови.

Ига падна на допинг тест во август за триметазидин и сè остана во тајност до сега кога се огласи Меѓународна организација за интегритет во тенисот.

Оваа организација на сличен начин го третираше нејзиниот случај како и случајот на Јаник Синер, па и Италијанецот и Швјонтек максимално беа ослободени од одговорност.

Синер ќе мора својата невиност да ја докажува и пред Судот за спортска арбитража во Лозана бидејќи Светската анти-допинг агенција (ВАДА) поднесе жалба на одлуката на ITIA.

За Швјонтек се уште не е познато, но се знае дека и таа и Синер играа на картата дека не намерно внесоа забранети супстанции и во двата случаи тоа беше прифатено, што го иритира Кирјос.

„Изговорот кој сите можеме да го употребиме е дека не знаевме. Едноставно, не знаевме. Професионалците на највисоко ниво во спортот сега можат само да кажат – не знаевме“, напиша Кирјос.