Кирјос со своја прогноза: Синер ќе биде новиот Ѓоковиќ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос оваа година не играше на Австралија опен поради повреда, но даде своја прогноза.

Кирјос е добар пријател со Новак Ѓоковиќ, но имаше пофални зборови за Јаник Синер кој успеа да го елиминира Србинот во полуфиналето.

„Откако тренира со Дарен Кејхил, има промена во неговата игра. Тоа се гледа по фактот дека двапати го победи Ѓоковиќ за кратко време. Синер ќе биде новиот Ѓоковиќ, тоа е моето мислење“, кажа Кирјос.